Ria Money Transfer
Ria Money Transfer е основана во 1987 година во Њујорк, САД, како институција за трансфер на пари за земјите од Латинска Америка. Седиштето на компанијата е во Буена Парк, Калифорнија, додека регионалните канцеларии се во Мадрид, Лондон, Куала Лумпур, Дакар и многу други. Матичната компанија е Euronet Worldwide, Inc., која ја прави Ria Money Transfer, третата по големина компанија во светот кога станува збор за трансфери на пари. Риа во 2010 година ќе започне да соработува со пошти ширум светот, а во 2014 година ќе започне соработка со Пост банка, која е во сопственост на Владата на Република Кенија. Истата година, Риа го лансираше Walmart 2 Walmart Powered by Ria, во Соединетите Американски Држави, и на тој начин им обезбедува на клиентите услуга за трансфер на пари во над 4.600 продавници, трговски центри со пристапни провизии. Денес, Ria Money Transfer овозможува трансфер на пари во над 180 земји во светот на над 507.000 локации. Кога станува збор за Северна Македонија, трансферите на пари преку Ria Money Transfer се достапни низ цела Северна Македонија преку нашите агенти и Поштата на Северна Македонија.
Capital Transfer DOO Skopje:
Капитал Трансфер ДОО Скопје – Македонија е основана на 21 октомври 2014 година. Нашата Лиценца за услуги брз трансфер на пари е издадена од Народната банка на Република Северна Македонија на 31 март 2015 година.
- Нашата визија – Бидете лидери на македонскиот пазар за брз трансфер на пари.
- Нашата мисија-Услужете им на нашите клиенти нудејќи едноставни, безбедни и економски услуги.
Што нудиме?
Доколку сте заинтересирани за нов бизнис кој ќе ви донесе долгорочен приход тогаш сте на вистинското место.
Риа како дел од Euronet WorldWide Group – една од водечките компании за брз трансфер на пари, сега и во Македонија, нуди:
- Најниски провизии
- Плаќања преку мрежа од 316.000+ локации на 5 континенти
- Минимална инвестиција